Македонија
11. March 2020 - 14:05

Адеми: Учебната година може да се пролонгира или децата да учат по скратена програма

Учебната година може да се пролонгира или децата да учат по скратена програма, ова се двете опции за кои размислува министерството за образование, како учениците во основнитеучилишта да ги надоместат изгубените часови, поради корона вирусот.

За средношколците постои опција да посетуваат настава за време на викенди или исто така да учат по скратена програма.

Министерот за образование Арбер Адеми вели дека нема простор за паника и апелира граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот во земјава.

Елена Милошевска