Адеми: Студентски дом за ДУТ и нов објект на Медицинскиот факултет

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска во Тетово ја соопшти одлуката на Владата на РМ да се изгради прв студентски дом во склоп на Државниот универзитет во Тетово.
Адеми на студентите од ДУТ им рече дека проектот за студентски дом на ДУТ му бил еден од врвните приоритети и дека со неговата реализација значително ќе се подобри нивниот стандард и ќе се зголеми капацитетот на Универзитетот.
- ДУТ ќе стане поатрактивен, не само за студентите од Македонија, туку и за студентите од регионот, Албанија и Косово, рече Адеми.
Соопшти и дека ќе се гради нов објект за Медицинскиот факултет во ДУТ, за кој од буџетот на МОН се обезбедени 2,5 милиони евра.
Во делегацијата што го посети ДУТ беа и вицепремиерот Муса Џафери и министрите за економија и за правда, Беким Незири и Аднан Јашари. Тие присуствуваа на свечено отворање спортски терени на Тетовскиот универзитет.
Ново на Сител
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
-

На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите
-

Албанските власти негираат дека пратеници и функционер на ВРЕДИ биле спречени да влезат во Албанија
