Адеми: Најдобрите студенти што ќе патуваат да ги достават документите до МОН
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми изјави дека е почната новата стимулативна мерка „Патување за најдобрите студенти“ и ги повика студентите што ги исполнуваат условите од јавниот повик на МОН да ги достават потребните документи.
Мерката важи за најдобрите студенти од трите најдоброрангирани универзитети во Македонија - „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоситочна Европа-Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
- Од податоците кои ги добивме од овие универзитети, се работи за вкупно 201 студент, од кои 144 од УКИМ, 32 од Универзитетот на ЈИЕ и 25 од Штипскиот универзитет. Критериумот е студентите да имаат просек најмалку 9.5. Околу 65 илјади евра се обезбедени за овој проект. Дестинациите се Венеција, Париз и Барселона, а периодот на реализација е од мај до ноември. Доколку се пријават за патување, тоа мора да го реализираат. Во спротивно, ќе треба да ги вратат парите кои се потрошени за патувањето. Ги повикувам сите студенти кои се на листите на овие универзитети да ги поднесат потребните документи од јавниот повик до Министерството за образование и наука, рече Адеми при посетата на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024