Адеми: Делата на Стерјо Спасе мост помеѓу Албанија и Северна Македонија
Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми во Пустец присуствуваше на одбележувањето на 105-годишнината од раѓањето на познатиот писател Стерјо Спасе.
– Стерjо Спасе е пример за сите нас кои живееме на Балканот. Фигурата на Спасе треба да биде пример за сите нас, за тоа дека соработката на културите е неопходна, секогаш тргнувајќи од гледиштето на човечноста, интелектуализмот и уметноста, рече министерот Адеми говорејќи за големиот писател Стерјо Спасе, соопшти Кабинетот на министерот.
Според Адеми, Спасе е типичен пример за тоа како можете да се интегрирате во култура, која потоа ќе стане инспирација за многу наредни генерации.
– Тој е Албанец кога се зборува за неговата литературна дејност, а е Македонец по етничко потекло. Тој e мост помеѓу Албанија и Северна Македонија. Спасе е пример, за тоа дека уметноста е мозаик на разноликоста и дека границите се надминуваат, истакнал министерот.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов