Адеми: Ако нема говор на омраза Шверцери можат да славаат како сакаат

Арбер Адеми, министер од редовите на ДУИ вели дека ако немало говор на омраза, навивачката група "Шверцери" можела да слави како сака. Сепак, рече дека осудува секаков говор на омраза и недолично однесување. Вели дека му било мило што навивачки групи славеле во културни институции.
За потсетување, директорката на МНТ Симона Угриновска вели дека не била информирана за прославата на Шверцери.
„Беше најавено одбележувањето на Денот на албанската азбука а ми рекоа дека ќе има уште еден настан во рамките на тоа но не ме информираа за што станува збор. По завршувањето на првиот дел во театарот влезе толпата навивачи, да го проследи документарниот филм снимен за нив, и неконтролираната толпа направи значителна материјална штета. Искршени се орнаменти кај седиштата и слични штети. Утрово повикав екипа на МВР да ги согледа штетите од овој настан. Морам да потенцирам дека објектот не беше изнајмен туку отстапен на барање на Министерството за култура, изјавила Угриновска за „А1 он“.
На директорката Угриновска и било кажано дека координацијата за првиот настан ја води портпаролот на Владата Мухамед Хоџа додека за втрориот настан бил одговорен организациониот секретар и пратеник во Владата Артан Груби кој и покрај инсистирањето не ја информирал за сценариото за вториот настан.
Наспроти ракциите и критиките за однесувањето на „Шверцерите“ во МНТ, пратеникот на ДУИ, Артан Груби на Фејсбук ѝ го честита јубилејот на навивачката група.
Ново на Сител
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
