Адел проговори за мајчинството: Мислев дека ќе биде полесно
Откако првиот сингл „Hello“ од новиот албум на Адел почна да ги урива рекордите, пејачката се огласи во јавноста со интервју за музичкиот магазин „Ај-Ди“.
Во интервјуто Адел признава дека големо влијание на нејзината кариера имале Ејми Вајнхаус и Френк Синатра.
- Ако не беа Ејми и Френк Синатра, сто отсто сум сигурна дека никогаш не би земала гитара в рака и не би ги напишала „Daydreamer“, „Hometown“ или „Someone like you“, изјави Адел.
Таа вели дека не се познавала лично со Ејми и не биле пријателки, иако оделе во исто училиште. - Но, ја обожувам, изјави Адел за музичко влијание што врз неа го имала Вајнхаус.
Натаму во интервјуто Адел проговори и за мајчинството и за тоа како и се променил животот откако стана мајка.
- Многу е тешко, мислев дека ќе биде полесно. Сите го правта тоа,па мислив дека не може да биде многу тешко. Ух.. немав идеја дека ќе биде вака. Тешко е, но одлично е, изјави Адел за нејзината улога како мајка.
Таа вели дека мајчинството е најубавата работа што некогаш ја направила.
- Поради синот се чувствувам помлада и тој ме спушта на земја. Пред тоа бев во некој свој свет, но сега се ми се врати околу него, призна Адел.
Ново на Сител
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска