-->
-->
Адаптација на земјоделството кон климатските промени преку проект на УСАИД
-->
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска во струмичкото село Добрејци ќе организира теренска посета на насад со домати во сопственост на земјоделец кој е корисник на проектот.
- Проектот има за цел да ги собере земјоделците и советниците на АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството) на насад со домати во сопственост на земјоделец-корисник на проектот, за да ги едуцира како да се справат со проблемите што климатските промени ги предизвикуваат кај градинарските култури. На оваа локација проектот има поставено опитно поле каде беа аплицирани и тестирани неколку мерки за адаптација кон климатските промени како: УВ заштитни мрежи, добротворната габа триходерма харзианум и синтетички фолии како материјал за мулчирање, информира организаторот на настанот.
Овој проект на УСАИД почна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на РМ, со цел да им помогне на земјоделците да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.
Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од Струмичко и Гевгелиско - земјоделско богати области кои се под најголемо влијание од климатските промени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај