-->
-->
Адам Пити исплива нов светски рекорд на 50 метри градно
-->
Британскиот пливач Адам Пити го постави нов светски рекорд на Светското првенство водени спортови што се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Откако вчера во трката на 100 метри градно пливачот од Велика Британија го освои златниот медал, тој денеска уште во квалификациите најави атак на ново злато и тоа на двојно пократката патека.
Пити во полуфиналната трка на 50 метри градно исплива во време од 26 секунди и 10 стотинки што е за три десеттинки побрзо од претходниот светски рекорд кој исто така беше во негова сопственост, а го постави во 2015 година.
Второ време во квалификациите забележа Камерон ван дер Бург со 26,56 секунди, а трет заврши Бразилецо,т Жоао Гомеш Жуниор со 26,67 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи