АД ЕСМ: ТЕЦ Осломеј исклучен поради самозапалување на јаглен надвор од електраната, во делот за отпепелување
– Термоелектраната Осломеј ноќеска е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел, информираат од АД ЕСМ.
Од компанијата додаваат дека настанатиот пожар кој е од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за постапување.
-Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј, се вели во соопштеноето од АД ЕСМ.
Според компанијата застојот нема да предизвика недостиг на електрична енергија во системот, односно потрошувачите ќе бидат задоволеми преку другите производни капацитети.
Ново на Сител
-
АХВ почна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа
-
Зголемен прометот во индустријата
-
Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари
-
Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд
-
Нетанјаху: Трамп ме покани во Белата куќа
-
Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините
-
Фон дер Лајен му вети на Трамп дека ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас
-
Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди