АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија, ги повикува субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат
АД ЕСМ ја информира дека на отворена јавна аукција, за периодот од 7 до 11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.
-Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба, АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53 580 000 денари), се наведува во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.
Од АД ЕСМ посочуваат дека ќе продолжат и натаму да ја нудат на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка.
-Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија, велат од АД Електрани на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Натпреварите во Серија А одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април
-
Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата
-
Кардиналите ќе разговараат за погребот на папата
-
Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон
-
Рејтингот на Трамп најнизок откако по вторпат стана претседател
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сопиште
-
Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027