АД ЕСМ доби 20 милиони евра европски средства за зајакнување на хидроелектраните и за проширување на ветерниот парк
– АД ЕСМ доби два гранта од вкупно 20,5 милиони евра од Western Balkans Investment Framework (WBIF), за проектите Ревитализација на хидроелектраните-трета фаза и за Ветерен парк Богданци-втора фаза.
Како што информираат од компанијата, и за двата проекти за финансирање се користат поволни кредитни линии и грантови од германската државна развојна банка КфВ, како и сопствени средства на АД ЕСМ, додека средствата од WBIF дополнително ќе го помогнат и забрзаат изведувањето на работите.
-Ревитализацијата на хидроелектраните-трета фаза, за која се добиени 11,2 милиони евра грант, опфаќа активности за зајакнување на инфраструктурата, зголемување на доверливоста и оптимизација на производството на шест хидроелектрани: Вруток, Врбен и Равен во рамките на ХЕС Маврово, Глобочица и Шпилје во рамките на ХЕС Црн Дрим и хидроелектраната Тиквеш. Ветерниот парк Богданци-втора фаза, за кој се добиени 9,3 милиони евра како грант, е проект со кој се проширува ветерниот парк со нови турбини, со кои електраната ќе се заокружи на првично проектираната инсталирана моќ од 50 мегавати, прецизираат од ЕСМ.
Western Balkans Investment Framework (WBIF) е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, донатори и помагатели, чија цел е подобрување на социо-економскиот развој на регионот и придонесување кон европската перспектива на Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил