Ацо Колевски нов член на Советот на јавни обвинители
Ацо Колевски, кој е именуван за член на Советот на јавни обинители, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Смета дека со своето долгогодишно искуство може да придонесе во работата на Советот, особено за зајакнување на самостојноста на јавните обвинители во Република Македонија.
Запрашан како ќе ја поправи сликата за Советот, каде се избираа блиски членови на семејства, Колевски рече дека сега стапува на должност и оти не би ги коментирал претходните одлуки на Советот.
- Сметам дека во Советот се избрани членови што се професионалци во својата работа и дека ако требало нешто да се направи во смисла на законските задолженија тие би го направиле, во смисла на изземање и слично. Веројатно постоеле законски услови за сето тоа, затоа и така поминал изборот, рече Колевски.
Информациите за ваквиот избор ги нарече шпекулации и кажа дека не би сакал да навлегува подлабоко во одлуките што се до сега донесени.
Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а во Советот за јавни обвинители доаѓа на местото на Љубомир Јовески, кој беше избран за државен јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници