-->
-->
Абрини призна дека е вмешан во нападите во Брисел
-->
Белгијанецот со мароканско потекло Мохамед Абрини, кој вчера беше уапсен во Брисел и денеска обвинет за тероризам поради нападите во Париз на 13 ноември минатата година, призна дека е поврзан и со нападите во Брисел, соопшти белгиското Федерално обвинителство.
Абрини призна дека тој е „мажот со капата“, по кого трагаше белгиската полиција поради нападите на аеродромот Завентем во Брисел на 22 март.
Тој беше снимен од камерите на аеродромот Завентам заедно со двајцата бомбаши-самоубици.
Абрини беше на списокот на најбарани лица во Европа, откако беше снимен во автомобил заедно со Салах Абдеслам, два дена пред нападите во Париз, што се случија на 15 ноември 2015 година, при што загинаа 130 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ