Абортусот од денеска е легален во цела Австралија
Абортусот од денеска е легален низ цела Австралија, откако државата Нов Јужен Велс исто така гласаше за промена на стариот закон што го забрануваше тоа во таа држава. Актот донесен денеска ќе го замени законот стар 119 години, кој критичарите го опишаа како „многу застарен“.
Новиот закон им овозможува на бремените жени да одлучат за абортус до 22-та недела од бременоста, а потоа двајца лекари треба да ја одобрат постапката. Предлог-законот длабоко ја подели конзервативната влада на државата, по неколку недели расправа што претходеше на усвојувањето. Абортусот претходно беше можен во Нов Јужен Велс само доколку лекарот одлучи дека бременоста е сериозен ризик за здравјето на жената.
Сите жени кои би абортирале без дозвола од доктор, ризикуваа затвор до десет години, и исто толку казна беше и за лекар кој ќе го изврши тој зафат нелегално.
Ново на Сител
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста