Абазовиќ во посета на Косово
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска ја почнува дводневната посета на Приштина, при што е предвидено да се сретне со највисоките претставници на Косово.
Предвидено е Абазовиќ и премиерот на Косово, Албин Курти ќе потпишат билатерален договор за користење на воздушниот коридор, врз основа на кој авионите што полетуваат од приштинскиот аеродром ќе можат да го користат воздушниот простор на Црна Гора.
Црногорскиот технички премиер ќе се сретне и со лидерите на опозициските партии и со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рам, како и со поранешните претседатели на Косово, Атифете Јахјага и Беџет Пацоли.
На вториот ден од посетата Абазовиќ ќе се сретне со вицепремиерката Емилија Реџепи, со членовите на мултиетничката парламентарна група во косовскиот Парламент и со министрите во Владата на Косово од малцинските заедници. Предвидени се и средби на Абазовиќ со командантот на КФОР Анџело Ристуца и со градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери.
Абазовиќ со синоќешното интервју за ТВ Клан изјави дека Договорот помеѓу Kосовo и Србија, што беше постигнат во Брисел и во Охрид е добар за сите во регионот.
– Постигнувањето договор меѓу Косово и Србија има исклучително добри импликации за сите во регионот. Разбирам дека тоа е прашање меѓу две земји и ние немаме амбиции да влегуваме и да се мешаме, ниту пак зависи од нас, истакна Абазовиќ, додавајќи оти би било многу добро да се постигне конечен договор.
Ново на Сител
-
Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО
-
Меѓусебни обвинувања на поранешниот и сегашниот министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство за лоши политики и мерки
-
Костадиновски: Во овој момент нема правно правило по кои услови независните кандидати ќе учествуваат на изборите, во најскоро време да се пополни оваа празнина
-
Општата болница – Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените
-
Автомобил се запали кај „Кјуби“ | ФОТО
-
Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години