Абази: Самите 66 гласа кажаа за мојата кариера, професионален ангажмани и целокупно работење
– Новоизбраниот Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази работата во ова јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставува ОЈО ГОКК. Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар, и да се воведе дигитализација во јавното обвинителство.
Освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.
– Иако немав програма, јас бев во постојана комуникација со јавните обвинители и им ја изложував мојата визија, програма и проект како ќе биде и како ќе раководам со обвинителството, изјави Абази, посочувајќи има добиено гласови од сите апелациони подрачја и дека тие во него препознале човек кој ќе биде успешен.
Изборот на шеф на ОЈО ГОКК со гласање на непосредни избори од самата фела, според Абази е гаранција да нема никакви надворешни влијанија, ниту политички, ниту бизнис или лоби групи.
Во однос на транспарентноста и јавноста, Абази рече дека согласно Законот за ЈО, тие се должни да бидат транспарентни и да информираат за работата по некои предмети кои будат интерес во јавноста, меѓутоа и дека треба да се зачува угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во постапка.
Абази својата кариера ја почнува од јавен обвинител во ОЈО Кичево, потоа пет години во Вишо јавно обвинителство и четири години е раководител на Вишото јавно обвинителство Гостивар и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставувам и ОЈО ГОКК.
– Ми претставува предизвик, имајќи предвид моето досегашно искуство, да раководам и со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување закони и подзаконски акти, правилници, коментар на Законот за јавно обвинителство, учесник сум во работната група на Законот за конфискација на имот, изјави Абази.
Ново на Сител
-
Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје
-
Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно
-
До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутков
-
Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
-
Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година
-
Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година
-
ДСЗИ предлага да се покрене постапка за стручен надзор за лекувањето на починатото седуммесечно бебе
-
Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст