Абади: Не сакаме турски војници во операцијата во Мосул

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска отфрли каква и да било можност за учество на турски војници во операцијата на Вооружените сили на Ирак и нивните сојузници за потиснување на џихадистичката група Исламска држава од градот Мосул.
- Ние сами ќе ја ослободиме нашата земја со помош на решителноста на нашиот народ, а не преку некакви видео пораки, напиша Абади на својот налог на Твитер, коментирајќи ги изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за вклучување на Армијата на Турција во операцијата во Мосул.
Абади воедно порача дека со ваквите изјави Анкара ризикува да предизвика регионална војна.
Ердоган вчера во изјава емитувана на турските медиуми нагласи дека Вооружените сили на Турција не можат да бидат ислкучени од планираната операција против ИД во Мосул и при тоа му порача на Абади дека треба „да знае каде му е местото“.
Ердоган истакна дека турската војска нема да се повлече од базата Башика во близина на Мосул и нема да прима наредби од Багдад.
- Не си ми соговорник, не си ми на ниво, не си ми еднаков, ги немаш истите квалитети како мене, му порача Ердоган на Абади.
Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш пак во интервју за агенцијата Анадолија нагласи дека турските војници ќе останат во воената база Башика во северен Ирак, се додека борците на ИД не бидат протерани од Мосул.
Куртумлуш истакна и дека Турција би учествувала во операцијата за протерување на џихадистите од Мосул, само доколку во неа не бидат вклучени единиците на сириските Курди од Силите за заштита на народот.
Тензиите во односите меѓу Турција и Ирак се зголемија минатата недела поради присуството на турски војници на ирачка територија и најавите на претставници на Анкара за нивно учестви во операцијата за „ослободување на Мосул од ИД“.
Ново на Сител
-

84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
-

Киднапирана жена пронајдена мртва во гостиварско
