Абади: НАТО да интервенира за повлекување на турските војници од Ирак
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади побара од НАТО да ја убеди Турција под итно да ги повлече војниците од северен Ирак.
- НАТО треба да го искористи влијанието и да ја повика Турција под итно да се повлече од ирачка територија, изјави Абади по истекот на рокот од 48 часа, даден од ирачката Влада за Турција.
Абади тоа го побара во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Претходно, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека пред два дена е стопирано распоредувањето на војници во областа Башика, северен Ирак.
- Анкара нема ништо да направи со што би го намалила суверенитетот на Ирак, се наведува во соопштението.
И шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу истакна дека Турција го прекина распоредувањето на свои сили во северниот дел на Ирак, но нема да ги повлече оние кои веќе се наоѓаат таму.
Тој во синоќешниот телефонски разговор со својот ирачки колега Ибрахим ал Џафари нагласил дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Ирак, но присуството на турските воени сили во Мосул има за цел да помогне во борбата на Ирак против Исламска држава (ИД).
Според турското МНР, обуката на сунитските ирачки сили ќе продолжи во координација со официјален Багдад.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование
-
Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп