-->
-->
Абади: Ирак нема да учествува во регионалните судири
-->

Ирак нема да учествува во какви било регионални или меѓународни судири, порача денеска ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.
Неговиот коментар следи после телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, за време на кој станало збор за тензиите во односите со Иран.
- На Ирак му е многу важно да ги зачува своите национални интереси и не сака да биде дел од каков било регионален или меѓународен конфликт, што би довело до катастрофа за регионот или за Ирак, изјави Абади за државната телевизија.
Белата куќа соопшти дека вчера Трамп и Абади разговарале за „заканата која Иран ја претставува за целиот регион“, за време на првиот телефонски разговор откако Трамп стана претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
