-->
-->
Абади: Ирачките сили го освоија источен Мосул
-->

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска изјави дека источниот дел од Мосул е целосно ослободен по целодневната жестока борба против исламистичката група Исламска држава, и три месеци по почетокот на офанзивата за ослободување на градот.
- ИД бргу се распадна, а тоа никој не го очекуваше. Храброста на нашите сили стои зад поразот на ИД, изјави Ал Абади.
Прашан - колку време ќе треба за да се ослободи западниот дел од градот којшто се уште е под окупација на терористите, премиерот само кусо одговорил: „Ние сме способни, и ќе го направиме тоа“.
Во меѓувреме, хуманитарните организации изразија загриженост за 750-те илјади цивили кои се уште се заробени во западен Мосул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
