-->
-->
АБА лига: Порази за Задар и Цибона
-->
Хрватските екипи Задар и Цибона синоќа ги загубија своите натпревари во рамките на 5.коло од регионалната кошаркарска АБА лига и сега имаат најлош скор со само една победа и четири порази.
Задар на свој терен загуби од Мега Лекс, додека Цибона беше убедливо поразена на гостувањето кај Металац. Во победата на Мега над Задар македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски постигна 10 поени со 5 скокови.
Постигнати резултати:
Задар – Мега Лекс 76:81,
Металац – Цибона 77:61.
Тајфун – Будуќност 61:80,
Цедевита – Црвена звезда 74:72,
Олимпија – Крка 80:50.
Колото ќе биде комплетирано денеска за кога е закажан и дуелот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром против Игокеа (почеток 17 часот). Освен овој дуел денес играат Партизан и Сутјеска (почеток 21 часот).
На првите три места на табелата со ефект 4-1 (победи-порази) се екипите на Црвена звезда, Будуќност и Цедевита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот