Кошарка
7. April 2023 - 20:05

АБА лига: МЗТ славеше во Сплит и направи голем чекор кон опстанокот

Вистински подвиг направија кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањето во Сплит каде го совладаа домашниот состав со 77-74 и ги вратија шансите за опстанок во јадранската лига. 
Македонскиот првак против себе имаше фаворит кој се бори за влез во плеј- офот но сепак предводен од браќата Стојановски кои постигна 16 односно 13 поени дојдоа до посакуваната победа и сега им преостанува дуелот со Цибона.  Важно е и главниот конкурент за испаѓање Борац да ги загуби дуелите со Будуќност и Црвена Звезда. 
 
Инаку ова е прва победа на гостински терен на екипата од населбата Аеродром остварена со борбена и мудра игра во текот на целиот меч.