-->
-->
АБА Лига: МЗТ на стартот во Љубљана
-->
Во четврток со натпреварите Олимпија-МЗТ и Задар-Цибона ќе биде отворена новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.
Македонскиот шампион со целосно нов тим ќе стартува во регионланата лига, екипата која минатата сезона го освои 13-то место ја напуштија 11 играчи, а тренерот Алеш Пипан донесе шестмина нови кошаркари.
„Во тимот владее добра атмосфера, момците тренираат напорно и сите со нетрпение го очекуваат првиот натпревар. Знаеме дека Олимпија на домашен терен ќе даде се од себе за да ги освои двата бода, па затоа очекувам да имаме тежок натпревар. За нас голем проблем ќе биде неиграњето на Љубичиќ и Протиќ, како и кусиот период за адаптација на Синадиновиќ кој се приклучи на тимот пред два дена. Во секој случај треба да дадеме максимален напор да одиграме добро во одбраната, затоа што само така може да се надеваме на позитивен резултат."- изјави тренерот Алеш Пипан.
Во регионалната лига во сезоната 2015/2016 ќе се натпреваруваат само екипи од поранешнита Југославија: Македонија (МЗТ Скопје Аеродром), Србија (Црвена ѕвезда, Металац, Мега Лекс, Партизан), Хрватска (Цибона, Цедевита, Задар), Словенија (Олимпија, Крка, Тајфун), Црна Гора (Будуќност, Сутјеска), Босна и Херцеговина (Игокеа).
АБА лига, 1.коло:
четврток, 1.октомври:
Задар-Цибона (17 ч)
Олимпија-МЗТ (17 ч)
Будуќност-Крка (19 ч)
Црвена ѕвезда-Мега Лекс (21 ч)
петок, 2.октомври:
Тајфун-Сутјеска (17 ч)
Цедевита-Игокеа (19 ч)
Металац-Партизан (21 ч).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји
-
Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените