-->
-->
АБА лига: Комплетирано 3.коло
-->
Со натпреварот Будуќност – Мега Лекс 71:56 одигран синоќа во Подгорица се комплетира третата рунда од балканската регионалната кошаркарска АБА лига.
За Мега Лекс лоши 23 минути одигра македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски, кој не успеа да реализира од двата обида од поле ниту од двете слободни фрлања, имаше пет загубени топки, а забележа три скокови.
На другите два вчерашни дуела: Металац – Игокеа 56:74 и Олимпија – Сутјеска 60:61.
Претходно: Задар – Црвена Звезда 49:56, Цедевита – Цибона 83:65, Тајфун – Крка 74:51 и Партизан – МЗТ Скопје Аеродром 72:69.
Табела: Цедевита 3-0 (победи-порази), Црвена Звезда 3-0, Тајфун 2-1, Игокеа 2-1, Будуќност 2-1, МЗТ Скопје Аеродром 1-2, Олимпија 1-2, Мега Лекс 1-2, Задар 1-2, Сутјеска 1-2, Партизан 1-2, Цибона 1-2, Крка 1-2, Металац 1-2.
Денеска се игра и првиот натпревар од 4.коло меѓу Црвена Звезда и Тајфун, додека МЗТ Скопје утре гостува кај екипата на Мега Лекс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години