ААА: Maкедонија станува најтрагикомична држава
Македонија станува најтрагикомичната држава во светот. Сегашната власт и Министерството за внатрешни работи (МВР) стануваат потсмев низ светот и ужас за граѓаните.
Веќе неколку недели, МВР нема пасоши за граѓаните, а целиот свет го има информирано дека нашите државјани ќе се движат со истечени пасоши. Поминаа три месеци од кога истото министерство нема ниту регистарски таблици за возилата што се во процес на регистрација. И за да не биде сето ова доволно, министерството нема ниту егземплари за печатење на возачки дозволи и на граѓаните што аплицираат им се издава потврда во хартија. Последниве денови се добиваат информации дека во некои училишта нема ниту сведителства за учениците. А во исто време, Македонија беше единствената држава која што во рок од два или три дена им имаше обезбедено секаков вид на документација на најголемите криминалци и главешините на мафијата од регионот и светот.
Но, проблемот не завршува тука. Сега се предвидува да започне вистинската голгота.
Во следните недели се очекува да пристигнат иселениците, а како што е до сега известено, многумина од нив имаат документи со истечена валидност. Како и во многу други случаи и овој пат, поради неспособноста на институциите, на иселениците не им се обновиле документите во амбасадите. Сега, тие дури и во нивната татковина ќе се соочат со недостиг на документација и со фамозното паѓање на системот.
За ова, од сега ве предупредуваме и ќе ве потсетиме кога ќе дојде денот. Немојте да кажете дека напливот ве изненади, но, признајте дека сте неспособни и корумпирани и дека сте во служба само на криминалците!
Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево