АА со свој предлог за тарифирање на електричната енергија
По објавувањето на презентацијата на нацртот за измени на тарифниот систем за универзалниот снабдувач од страна на РКЕ и експертите избрани од оваа институција, откако АА се запозна со истото и беа направени анализи од нејзината група експерти, денес пред јавноста Алијанса за Албанците излегува со конкретни предлози и анализи.
Првично како АА ја изразуваме нашата длабока огорченост кон РКЕ, зошто при презентацијата овој материјал од промените на тарифниот систем го нема на албански јазик. На официјалната веб-страница на оваа институција овој материјал е само на македонски јазик. Зошто сета оваа ароганција и непочитување на албанскиот јазик!?
Како што сме информирани, во управниот одбор на оваа институција има и Албанци. Прашуваме, во овој случај каде е гласот на овие во оваа институција, зошто дозволуваат такво игнорирање!? Тоа нека им служи на нивната совест!
Во ова излагање пред јавноста, денес најмногу ќе се задржиме на:
– категорија на потрошувачи 0,4 втор степен (индустриска категорија за малите бизниси)
– категорија на потрошувачка на јавно осветлување и
– категории на потрошувачка во среден напон.
Од тоа што е претставено во таа публикација на РКЕ за категоријата потрошувачи 0,4 втор степен, се гледа и се предлага како можност покрај високата тарифа за оваа категорија да се примени и ниската тарифа. За да биде појасно за јавноста, досега имаше само една висока тарифа и цената за kWh беше 11,42 денари, додека сега, врз основа на предложеното и задржувањето на соодносите „2 со 1“ при утврдување на цената меѓу високата и ниската, цената во ниската тарифа треба да биде 5.705 денари. Во принцип, треба да се поддржи, но, на овој предлог од страна на АА се гледа со доза на сомнеж и загрижува фактот зошто токму сега се предлага оваа ниска тарифа за оваа категорија на потрошувачи.
Примената на ниската тарифа за оваа категорија, знаејќи дека истата се применува секој ден од 22:00 до 7:00 часот, додека во недела во целиот временски период, нема да има реално влијание врз еснафите, занаетчиите и семејните бизниси, исто како и во времето кога би се применувала ниската тарифа нивната дејност (дуќани и работилници) се затворени, бидејќи истите активности во Управата за јавни приходи се претставени како работно време од 8 до 20 часот а во недела како слободен ден, па придобивката од примената на ниска такса за овој вид на активност ќе биде „нулта“ (нула) ефект.
Дали за спроведување на оваа ниска тарифа за оваа категорија на потрошувачи сте се согласиле и ги штитите интересите на некоја бизнис групација!?
Поточно, од овој предлог во оваа категорија, најголеми корисници ќе бидат продавниците за малопродажба на прехранбени производи на големи компании, ресторани, пекари, кафе барови и слично, кои имаат подолг распоред за вршење на дејноста и во распоредите кога ниската тарифа ќе се применува, енергијата што ја трошат бројните уреди кои се инсталирани и монтирани, како на п.р. фрижидери, клима уреди и други апарати кои трошат енергија, ќе се наплаќаат по повластена ниска тарифа.
Со овој предлог, вие како РКЕ и групата експерти избрани од вас, дали најавувате и дозволувате можно користење на правниот простор од страна на големите компании кои дел од својот бизнис ќе го префрлат во снабдување со електрична енергија од снабдувач на слободен пазар во универзален снабдувач?
Но, токму во своите јавни настапи, претседателот на РКЕ се пожали, се трудеше и се обидуваше да не убеди дека токму овие големи компании кои ги користат законските простори и формираат нови фирми и дел од бизнисот приклучен на среден напон и успеваат да се снабдува со енергија од снабдувачот на слободниот пазар до универзалниот снабдувач, ќе бидат главните причини за евентуалното поскапување на електричната енергија. Сега истиот човек од позицијата претседател на РКЕ и групата експерти блиски до него повторно предлагаат мерки кадешто ефектите од користа од овие големи компании ќе бидат колосални. Овие изјави и предлози се многу контрадикторни и збунувачки. Тие навистина живеат во земја на чуда!
АА во овој момент, со цел да се одржат билансите и да имаат корист од оваа мерка сите потрошувачи поврзани во оваа категорија потрошувачи (0,4 втор степен), предлага и бара да аплицираат како досега само една наплатна такса, но, бидејќи финансиските конјунктури и објавените и презентирани пресметки оставаат простор за корекции на цените, предлагаме цената за kWh за оваа категорија од сегашната 11,42 денари да се намали на 9,35 денари.
Поконкретно, од објавената презентација може да се види дека просечната месечна потрошувачка на потрошувач од оваа категорија е 370 kWh.
За овој трошок со сегашните цени треба да платите 5.353,00 денари:
370 * 11,42 = 4,225,40
ДДВ 18% = 760,57
Осветлување на кафеана = 367,50
Вкупно 5.353,00
Додека со предлогот на АА ќе платите 4.450,00 денари:
370 * 9,35 = 3,459,50
ДДВ 18% = 622,71
Осветлување на кафеана = 367,50
Вкупно 4.450,00 денари.
Значи, бенефит за потрошувачите ќе има од предлогот на АА во износ од 903,00 денари или изразен во процент од 16,87%.
Бидејќи РКЕ не ги зема во предвид ниту еден од реалните и точни предлози на АА во однос на тарифниот систем на универзалниот снабдувач, ги покануваме засегнатите групи, деловните здруженија, еснафите и занаетчиите како и стопанските комори да ни се придружат во оваа иницијатива која е во корист на секој потрошувач поврзан со оваа категорија на потрошувачи.
Во однос на категоријата на потрошувачи „јавно осветлување“ и за оваа категорија од страна на РКЕ се гледа како можност за примена на ниска тарифа за наплата, покрај онаа за висока тарифа.
Но, зошто овие предлози на РКЕ се толку цинични и арогантни, а понекогаш дури и одвратни?
Сега веќе е познато дека врз основа на критериумите поставени од Владата на РСМ, речиси над 95% од единиците на локалната самоуправа (општините) ги исполниле условите да се снабдуваат со електрична енергија само на либералниот, а не на универзалниот, и се поставува прашањето- кому ќе му служи и каков ефект има овој предлог на РКЕ врз општините? Нулта ефект!
Ова е крајно потсмев и презир на РКЕ кон локалната власт.
Ако оваа Влада и оваа РКЕ навистина сакаат да помогнат и да им излезат на пресрет на единиците на локалната самоуправа, тогаш нека го разгледаат предлогот на АА и да го тргнеме од употреба тој фамозен критериум (50 вработени и 2 милиони евра обрт) и да им се овозможи на општините да се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач, барем за делот на јавното осветлување, а не за административните згради.
Од информациите со кои располагаме, над 95% од единиците на локалната самоуправа се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на либералниот пазар кадешто моменталната цена е над 100% до 150% повисока од онаа што ја нуди универзалниот снабдувач, додека има и општини кои се снабдуваат од добавувачот во краен случај каде што цената е речиси 200% повисока од онаа што ја нуди универзалниот добавувач.
Затоа, за оваа точка ги покануваме единиците на локалната самоуправа (општините) да го поддржат овој предлог на АА.
Додека пак, за делот на потрошувачите со мерење во среден напон, во некои случаи и изјави АА предложи сите потрошувачи приклучени во категориите на овој напон да се снабдуваат со електрична енергија само на либералниот пазар и на никаков начин да не им се дозволи да бидат снабдени со електрична енергија од универзалниот снабдувач.
Од една страна со презентираните предлози РКЕ вели дека истите се за целосна либерализација на пазарот за снабдување со електрична енергија за сите категории потрошувачи, но од друга страна и по 8 години од отворањето на оваа можност во РСМ се уште има места на корисници каде што мерните места за потрошувачка на електрична енергија се приклучени на среден напон и се снабдуваат со електрична енергија од универзалниот снабдувач.
Во наредните денови ќе имаме и други обраќања поврзани со електричната енергија. Ги уверуваме потрошувачите дека групата експерти на АА со посебно внимание ги следи овие случувања и дека во догледно време ќе излезе со конкретни предлози.
Алијанса за Албанците (АА), прес-конференција на Елми Азири
Ново на Сител
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје
-
Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно
-
До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутков
-
Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
-
Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година