Македонија
14. May 2025 - 12:18

АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани

Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

„Алијансата за Албанците будно ги следеше ‘тврдењата’ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, очекувано е да има клевети од најапсурден вид. Смирено сме фокусирани на нашата работа кон октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки. Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови“, соопшти АА на Таравари.