Loading Video...
Фудбал
8. February 2020 - 15:35

9,25 милиони евра дополнителен мотив за македонските фудбалери за пласман на ЕУРО 2020

Македонската фудбалска репрезентација во следниот месец ја очекува историската шанса за прв пат да заигра на едно големо натпреварување, односно Европското првенство, но и богат финансиски бонус за учеството. 
 
Мотивацијата кај нашите фудбалери покрај историски ќе има и финансиски аспект, бидејќи самиот пласман ќе донесе и голема заработка. 
 
Имено, УЕФА го објави наградниот фонд за селекциите кои ќе бидат дел од Европскиот шампионат што ќе се одржува летово, а тој ќе изнесува рекордни 371 милиони евра. 
 
Така, за секоја репрезентација (федерација) која ќе биде дел од ЕП е предвидена минимална заработка од 9,25 милиони евра.
 
Дополнително се предвидени и премии за постигнатите резултати, по за секој нерешен исход во групната фаза следуваат 750.000, а за победа 1,5 милиони, евра.
 
Пласман во осминафиналето носи дополнителни 2,  четвртфиналето 3,25, а пласман во полуфиналето уште 5 милиони евра.
 
За европскиот шампион обезбедени се 10, а за финалистот 7 милиони евра. 
 
Така според најавените премие, доколку европскиот шампион победи на сите натпревари, неговата федерација ќе заработи 34 милиони евра.