9 починати и 183 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 135, Кавадарци и Струмица – по 7, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Штип и Струга – по 4, Гостивар – 3, Охрид и Богданци – по 2, Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.
Регистриран сe 845 оздравени пациенти од: Скопје – 451, Битола – 49, Велес – 42, Кавадарци – 36, Прилеп – 34, Куманово – 30, Тетово – 27, Кичево – 20, Охрид – 19, Струмица и Гевгелија – по 17, Неготино – 14, Ресен – 13, Радовиш – 12, Струга, Гостивар и Кочани – по 9, Крива Паланка – 8, Штип – 7, Валандово – 4, Дебар – 3, Делчево, Берово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Богданци, Свети Николе, Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (3). Починатите лица се на возраст од 68г. до 93г. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022. Сите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.362 тестови преку: ИЈЗ-48, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–130, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-48, Биотек-69, Систина-54, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-173, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-16, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 734.
Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
