-->
-->
9 години секс во Големиот Брат: Погледнете ги сите жестоки акции во куќата
-->

Луксузната куќа во Кошутњак се чини дека за учесниците во реалните шоуа е и тоа како примамлива за сексуални активности, па „Големиот брат“ за девет години колку што се емитува може да се „пофали“ со најголем број на жешки сцени.
Се потсетуваме на жешките почетоци.
Секси авантурата прво ја започнаа Ена Попов и Марко Миљковиќ, учесниците на првата сезона на „Големиот брат“, кои пред камерите лудо се забавуваа, а потоа останаа во врска две години.
Никола Немешевиќ Немеш и Маријана Чврљак, која воедно и победи на првиот регионален „Голем брат“, ги шокираа гледачите со нивните активности под покривката, во туш кабината… Маријана потоа победи, парот остана во врска и после реалното шоу, а за нивната љубов уште долго се зборуваше.
Ава Карабатиќ и Урош Цертиќ го одбележаа ВИП „Големиот брат“ пред две години. Хрватската старлета веќе на почетокот се вљуби во каскадерот, а додворувањето вроди со плод. Сепак, не останаа во врска.
„Вампирката“ Стефани Баниќ и Ервин Мујаковиќ ја продолжија традицијата и се чини дека најбрзо завршија под чаршафите, веќе во првата вечер од новата сезона на регионалниот „Голем брат“.
За да го утврдат градивото, имаа секс и следната вечер… па, потоа уште еднаш. А, дали ќе го одржат континуитетот, останува да видиме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во законодавниот дом
-
Сончево и многу топло, до 41 степен
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција