814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден полициските службеници продолжиле со интензивни сообраќајни контроли при што биле издадени вкупно 814 платни налози, односно преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).
Од аналитички аспект, соопштија денеска од МВР, нема промени во поглед на причините за изречените санкции односно најголемиот број изречени прекршоци 268 се однесуваат за непрописно паркирање, а 171 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.
По основ пак на чл 225 (од ЗБСП) без возачка дозвола биле санкционирани 48 лица, за некористење на сигурносен појас регистрирани биле 43 прекршоци, а за користење на мобилен телефон при возење констатирани се 27 прекршоци.
Во рамки на контролите, во 16 случаи било евидентирано минување на црвено светло, потоа осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а прекршочни санкции им се изречени и на 27 пешаци, како и на осуммина велосипедисти.
По однос на Законот за возила, евидентирани се 15 нерегистирани возила, како и пет возила кои биле технички неисправни.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат на целата територија на државата. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Анчелоти: Се што е убаво има крај
-
Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните
-
25 проценти повеќе новороденчиња во Кавадарци споредено со лани
-
Трамп: Имаме основа за стабилен договор со Кина
-
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс на средби со државниот врв
-
Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница
-
Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“