-->
-->
79 годишен манијак допирал малолетничка во автобус на ЈСП
-->

Вистински хорор доживеало малолетно девојче во градски автобус во Скопје. Согласно информации од полицијата, 79-годишен манијак допирал по телото малолетничка од Скопје, а ова се случило во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Кисела Вода.
„На 30.05.2023 во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Т.(79) од Скопје затоа што претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје“, изјавија од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
