-->
-->
70-годишен маж од Неготино починал при превртување на трактор
-->

Вчера во 20.20 часот во Полициска станица Неготино, Ѓ.В.(52) од с.Тимјаник пријавил дека во место викано„Бели Брест“ во близина на неговиот лозов насад од страна на Ј.М. сожител од с.Тимјаник бил пронајден неговиот дедо С.Р.(70) од с.Тимјаник со превртен трактор без знаци на живот.
На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Неготино и доктор од итна медицинска помош Неготино при што констатирале дека при излегување од нива кон колскиот пат со мала удолница тракторот се превртел, и С.Р. бил потиснат од возилото. Од доктор биле констатирани повреди од кои лицето починало.
За настанот е запознаен јавен обвинител, пишуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
