69 - годишна жена е жртвата во синоќешната собраќајна несреќа во Чаир
Жртвата во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир е 69-годишна жена од Скопје со иницијали Н.П., објави денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
За сообраќајката било пријавено вчера во 18.40 часот во СВР Скопје. Жената починала од повредите на местото на несреќата откако била удрена од патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(19) од Скопје. Нејзината смрт ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Како што вчера информираше МВР, деветнаесетгодишната А.Џ. се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
МВР не соопштува за причините за сообраќајната несреќа.
- По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во МВР-билтенот.
Ново на Сител
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска