67-годишник во Тетово удрил количка со бебе на пешачки и избегал
СВР Тетово денеска информира дека вчера било пријавено дека е повредено дете од 15 месеци откако била удрена количката во која го носеле неговите родители. Количката била удрена од возило, по што возачот не застанал и заминал од местото.
-На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,ЈНА" се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило „пасат" со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело петнаесет месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата го напуштило местото на настанот. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М.(67) од с.Шипковица, за понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобил малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата