Македонија
19. April 2023 - 13:31

66 годишник затекнат при обид да украде мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи информира дека на 18.04.2023 околу 14.50 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Б.(66) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе мобилен телефон од лице од Скопје.

- Р.Б. е  задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.