61-годишна Хрватка преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Кризниот штаб
Полицијата во хрватскиот град Пула уапси 61-годишна жена која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита и на премиерот, а истражен судија изрече мерка притвор, соопшти денеска полицијата.
На жената од Пула за која полицијата утврдила дека извршила четири кривични дела закана, судијата по распитот и одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Полициски службеници утврдиле дека жената на 17 ноември испратила заканувачка СМС порака на мобилниот број на член на хрватскиот штаб за цивилна заштита во Република Хрватска.
Во кривичната истрага, утврдено е дека освен таа заканувачка порака, осомничената, незадоволна од решенијата на Националниот штаб за цивилна заштита, од 1 октомври до 5 ноември испратила три пораки, кои, според полицијата, „предизвикале голема вознемиреност и страв за нивната лична безбедност.”
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника