57,5 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу Харис и Трамп
Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.
Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.
Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.
По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка. Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните.
Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.
Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
-
Раст на цените на нафтата
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа
-
ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори
-
Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје