-->
-->
500 денари ќе чинат влезниците за натпреварот Вардар – Малме
-->
Македонскиот првак Вардар ќе има тешка задача во дуелот против Малме во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Иако црвено-црните дуелот како домаќини наместо во Скопје ќе го играат во Струмица, па дополнителната поддршка од трибините ќе им биде и тоа како неопходна сепак раководството на клубот реши влезниците за реванш мечот со Малме да ги продава по цена од 500 денари.
„Вардар на реваншот ќе го пречека шведскиот тим во Струмица. Натпреварот Билетите за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба од 3 јули 2017 година (понеделник), и ќе чинат 500 денари. Истите можат да се набават на сите продажни места на Тикет Плус“, пишува во соопштението објавено на официјалната веб страна на клубот.
Првиот натпревар меѓу овие два тима ќе се игра во Малме на 12 јули, со почеток во 19 часот, додека реваншот на стадионот „Младост“ во Струмица на програмата е на 18 јули со почеток во 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот