Македонија
9. December 2020 - 19:59

5 трудници и 14 здравствени работници починале од коронавирус во Македонија

Според анализата на Институтот за јавно здравје на случаите на корона вирус кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), пријавени се 328 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 54 биле хоспитализирани во текот на болеста.

95 трудници биле асимптоматски, а забележани се починати бремени жени од Ковид-19.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), регистрирани се 2.497 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници, а четиринаесет од нив ја загубиле битката со вирусот.