5 клучни работи кои треба да ги проверите, пред да изберете мајстор!
Доколку одлучивте да градите, реновирате или да вршите поправки во вашиот дом, покрај финансискиот и градежниот план, поголемиот дел од работата ќе биде завршен со изборот на вистинските мајстори. Во разговор со пријатели или роднини, ќе заклучите дека секој имал некое лошо искуство поврзано со доцнење на договорените работи, „скриени“ односно, дополнителни трошоци или лоша комуникација. Од платформата Daibau, чија дејност е поврзување на мајстори со оние на кои им се потребни, која е присутна повеќе години на вкупно 17 пазари, дознаваме на што треба да внимавате при изборот на занаетчија.
Се чини дека никогаш не било потешко да се дојде, пред сè, до слободни мајстори, како и до оние кои работат квалитетна работа. Пребарувањето на Интернет нема секогаш да даде задоволителни резултати, а препораки од познаници не се секогаш добри и објективни.
Еден од начините да се најдат добри мајстори е платформата Daibau.mk. Оваа платформа има собрано на едно место над 1800 регистрирани изведувачи од сите делови на Македонија, па можете брзо, лесно и бесплатно да најдете добри мајстори од вашиот реон за разни градежни работи и занаети.
Ја контактиравме платформата Daibau.mk и истражувавме што е важно да се знае при изборот на мајстор, за да бидете максимално задоволни од резултатите.
Гаранција
При контакти и состаноци со мајсторите, побарајте од нив каква гаранција нуди. Добриот мајстор треба да понуди гаранција за својата работа. Гаранцијата е најдобар показател за неговата професионалност и доверба во сопствените способности. На тој начин, доколку се појават одредени проблеми по завршувањето на работата, нема да морате да се грижите за нивно решавање.
Каде се наоѓа мајсторот
Оваа ставка е исклучително важна ако станува збор за итни интервенции како пукнати цевки во бањата, проблеми со електрични инсталации, оштетување на покривот... Во вакви ситуации брзината е пресудна, а најдобро е мајсторот да е од вашето подрачје. Покрај тоа, многу изведувачи ја формираат цената за излегување на терен во зависност од вашата близина. На овој начин може да се намалат вкупните трошоци.
При пополнување на бесплатно барање на платформата Daibau, поради оваа причина, ја наведувате локацијата на работата. Платформата ги наоѓа најблиските мајстори, т.е. прво ги пребарува изведувачите во ваша околина.
Оценки од претходни клиенти
Се поставува прашањето – како да знаете дека мајсторот ќе заврши квалитетна работа?
Најдобар, а секако и најобјективен начин да дознаете повеќе за квалитетот на услугите на мајсторот и неговата вештина, е да ги погледнете рецензиите од претходни клиенти. Врз основа на претходните оценки, можете да дознаете дали клиентите биле задоволни од тој мајстор и дали го препорачале на други. На тој начин можете да добиете информации „од прва рака“.
На платформата Daibau постои можност за оценување на мајсторите. По завршувањето на работата, клиентот, како договорна страна, може да го оцени мајсторот и да остави коментар со опис на работата и личното искуство. Рецензиите за мајсторите се транспарентни на нивните профили. Ако се двоумите за тоа кој мајстор да го изберете, можете да започнете од неговите оценки. Сигурно ќе бидете посмирени кога ќе знаете дека повеќе луѓе биле задоволни од мајсторот, нели?
До сега на платформата имаме собрано околу 2200 оценки.
Комуникација со мајсторот
Првата комуникација со мајсторот е исклучително важна. Дали мајсторот е подготвен да одговори на сите ваши прашања? Може ли да ви каже прецизни датуми кога ќе почне и кога ќе ги заврши работите откако ќе ја утврди состојбата на терен?
Временската рамка на градежните работи е особено важна при изградба или реновирање, бидејќи се вклучени неколку мајстори и секој од нив зависи од завршувањето на работата на претходниот.
Еден од клучните ставки каде што мајсторот исто така треба да биде транспарентен е цената. Во повеќето случаи, мајсторот може да ви ја каже точната цена само кога ќе ја утврди ситуацијата на теренот.
Ако навреме ја знаете цената, нема да морате да се грижите за „скриените“ трошоци и веднаш ќе можете да процените дали цените на услугите на мајсторот се вклопуваат во вашиот буџет.
Опис на работи
Од мајсторот може веднаш да побарате информации и список кои се работи се вклучени во цената. Доколку ангажирате молер, дали во цената е вклучена заштитата на мебелот и подните облоги? Дали ќе го исчистат просторот по завршувањето на работата? Ако ангажирате столари, дали во цената е вклучена и професионална монтажа?
Пред да постигнете конечен договор со мајсторите, разјаснете ги сите детали за соработката.
Пред да изберете и ангажирате мајстори, проверете ги наведените ставки. Само така ќе можете да ја донесете најдобрата можна одлука. Ако внимателно ги избирате мајсторите, можете да се опуштите и со нетрпение да го чекате крајот на работата без да се грижите за потенцијалните проблеми и дополнителни трошоци.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско