-->
-->
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-->

На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци, гевгелиско, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
