Македонија
7. November 2020 - 9:41

436 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.11.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 436 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.