42 лица не ја почитувале забраната за движење - приведени 37
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.05.2020 година) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната задвижење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 25 лица што ја прекршиле оваа мерка.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување