42 годишен кавадарчанец ја силувал својата седумгодишна ќерка
Кавадарчанец е под сомнение дека вршел други полови дејствија кон малолетната ќерка, Обвинителството донесе наредба за истражна постапка а определен му е и притвор, информираа денеска од ЈОРСМ.
- Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци, определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови