41 нови случаи на коронавирус во земјава
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ –437, преку Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –20, Биотек –49, Филип Втори (Жан Митрев) –90 и Систина со PCR метода -30. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација