Македонија
22. February 2016 - 17:11

38 годишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа

Прилепчанецот Рубин Димоски, роден 1977 година, ноќеска, околу три часот го загубил животот, откако автомобилот марка “Фолцфаген поло”, управуван од неговиот другар, врсник и имењак, Рубин С., удрил во метално скеле. Притоа, сега починатиот Димоски, кој бил совозач во автомобилот, се здобил со тешка повреда во вратот од шипката која се откроила од скелето и удрила во ветробранското стакло, предизвикувајки длабока рассекотина кај Димоски. Димоски починал на половина пат кон прилепската Болница од преобилното крварење.
 
Инаку, како што неофицијално дознаваме, двајцата другари претходно, во домашна атмосфера, славеле роденден на едниот од нив. Телото на починатиот, по налог на јавниот обвинител предадено е на обдукција, а возачот, кој за среќа поминал без никакви повреди, повикан е на распит со цел утврдување на причините за трагичната несреќа.