-->
-->
36-годишник од Виница ограбил обложувалница
-->
Полициски службеници лишиле од слобода жител од Виница откако тој со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– На 22.12.2021 во 20:40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.Ј.(36) од Виница. Тој се сомничи дека на 20.12.2021 со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"