-->
-->
36 годишник од Ресен се обидел да изврши кражба од банкомат
-->
Одделението за внатрешни работи Ресен - Надворешна канцеларија за криминалистички работи денеска (21.01.2022) до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Ресен, по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид.
Имено, на 15.12.2021 околу 02.00 часот на ул.„Мите Богоевски" во Ресен, пријавениот со употреба на сила и подесен алат се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот, притоа оштетувајќи го и него. Набрзо М.М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување