Македонија
21. July 2022 - 19:14

35-годишна жителка на Гиновци со умисла ја запалила семејната куќа

35-годишна жена од кривопаланечкото село Гиновци доби кривична пријава откако, според полицијата, со умисла ја запалила семејната куќа и ги загрозила животите на членовите на семејството.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.А.(35) од с.Гиновци, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, велат од полицијата.

„На 16.06.2022 во семејната куќа во с.Гиновци, пријавената со умисла предизвикала пожар и го довела во опасност животот на членовите на семејството“, пишува во полициското соопштение.

Ново на Сител